Преговори на Мартинез со Интер – една точка е камен на сопнување

Челниците на Интер му нудат на Лаутаро Мартинез 8 милиони евра по сезона, но тој сака два милиони повеќе, брифира Газета дело Спорт.

Аргентинскиот фудбалер преговара со Интер за продолжување на соработката до 2028 година, но очигледно има камен на сопнување, а во Интер се свесни дека токму со Лаутаро Мартинез треба да ја планираат својата иднина.

Мартинез веќе со недели се натегал во преговорите со луѓето од Интер за 10-те милиони, но од Интер упорно го одбивале тоа со образложение дека тоа го пробива нивниот буџет.

Аргентинскиот фудбалер во моментов во Милано заработува 6,5 милиони евра по сезона, па по добрите игри тој е на цена и сака тоа да си го наплати.

Газета тврди дека следниот состанок треба да биде клучен односно да го даде одговорот на прашањето дали Лаутаро Мартинез на лето ќе ги напушти „нераѕурите“. Тој во Интер пристигна 2018 година од тимот на Расинг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО