Продолжува штрајкот на грчките цариници, товарниот сообраќај во целосен прекин

Продолжува штрајкот на грчките цариници, товарниот сообраќај во целосен прекин

Товарниот сообраќај преку трите гранични премини со Грција, Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, е во целосен прекин од вчера кога почна штрајкот на грчките цариници. Повремено се пропуштат патници на Богородица и Дојран.

На Евзони, пак, вчера се пропуштаа наизменично патнички моторни возила, но мораше да се чека најмалку еден час.

Цариниците во Грција штрајкуваат заради повисоки плати и дополнителни бенефиции, за што поддршка добија и од Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција. Штрајкот, според најавите, ќе трае до полноќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста