Вести Македонија Топ вести

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму – решени се дека не се откажуваат

Четврти ден како трае штрајкот на приватните специјализанти. Решени се дека нема да се откажат се додека надлежните не им ги исполнат барањата. Во оваа борба чекорат сами. Поддршка побарале од нивните постари колеги, но наместо разбирање наишле на осуди и притисоци од Клиниките за стопирање на штрајкот. Младите специјализанти ги осудуваат нивните колеги и им порачаа дека нема да подлегнат на нивните притисоци.

„Најчестиот коментар од постарите колеги е дека тие работеле приватна специјализација за 0 денари. Меѓутоа сметам дека ние треба да напредуваме, а не да бидеме на едно исто ниво триесет години. Сакаме јавно да ги осудиме притисоците коишто ги имаат колегите од клиниките и од постарите колеги специјалисти. Сакам да ги охрабрам сите колеги кои се приватни специјализанти да не подлегнат под притисоците од клиниките и да издржат во оваа наша борба“, вели д-р Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина.

Тие во понеделник го продолжуваат штрајкот пред Министерството, под мотото 5 до 12 за македонското здравство.

„Ние сакаме веднаш да се остварат нашите барања, а тоа е покачување на надоместокот и бесплатно здравствено осигурување, но со оглед на тоа дека тие барања не се решени нашиот штрајк продолжува. Сакаме да укажеме една јасна порака до Министерството за здравство и целата држава дека навистина се наоѓаме во 5 до 12 за нашето здравство затоа што доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања јас сум сигурна дека половина од нив имаат спакувано куфери и чекаат да заминат“, додава Илиоска.

Приватните специјализанти бараат да бидат вработени, со здравствено осигурување и просечна плата. Од Владата им одговорија дека нивните барања ќе бидат решавани по изборите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Димитровска: Оформени се 45 предмети во врска на изборите од денот на нивно распишување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе