Поврзете се со нас

Англија

„Фор-фор-тунс“ со верзија во свој стил за поразот на Ливерпул на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Ливерпул загуби од Евертон со 2-0 и направи голем чекор наназад во трката за пехарот во англиската Премиер лигата.

„Црвените“ останаа без доста бодови во последните пет кола во шампионатот, односно пред Евертон доживеаа пораз од Кристал Палас, а не го совладаа ниту Манчестер Јунајтед иако доминираа во најголемиот дел од средбата на „Олд Трафорд“.

Сега четата на Клоп е трета со два и три бода заостанување зад Арсенал и Манчестер Сити и полоша гол разлика од ривалите.

Многу работи ќе треба да се поклопат за да Ливерпул ја сврти ситуацијата и Јирген биде испратен со пехар, но во меѓувреме погледнете како „Фор-фор-тунс“  го видоа поразот на „црвените“ на „Гудисон Парк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни