На четири кола до крајот Борец е се поблиску до баражот за Втора лига!

Некогашниот прволигаш Борец од Велес е се поблиску до баражот за можно враќање во Втората македонска фудбалска лига.

Велешката фудбалска гордост која во две сезони испадна од Прва во Трета лига – Југ на четири кола до крајот е на првото место со 39 освоени бодови на своето конто, има три бодови повеќе од Росоман кој е втор, но екипата на Росоман има одиграно натпревар повеќе.

Веќе овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 19. коло каде Борец ќе се соочи со Младост од Кривогаштани на домашен терен, Росоман ќе игра со Марена, „фенерџијата“ Бучин на домашен терен против некогашниот второлигаш Питу Гули од Крушево ќе бара бодови за опстанок, а пак Ултрас ќе игра против Големо Коњари, кој го загуби чекорот со лидерот Борец за првото место и баражот.

Како што кажавме на првото место е Борец со 39 бодови на своето конто, Росоман е на второто место со 36 бодови, но со меч повеќе, на третото место е Превалец со 33 бодови, Големо Коњари останува на четвртото место со 31 бодови.

На 5. место е Питу Гули од Крушево со 27 бодови, Слога е шеста со 22 бодови, потоа следува Младост со 19 бодови, на осмото место е Марена со 14 бодови, колку што има и Ултрас кој место подолу, Локомотива од Градско е претпоследна со 10 бодови, а пак Бучин е на дното со седум бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет