Во Крушево погребан таткото на Тоше, Никола Проески

од Илинка Илиоска

Денес во Крушево беше погребан Никола Проески, таткото на македонската и балканска музичка ѕвезда, но и голем хуманитарец, Тоше Проески.

– Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна е болката на семејството Проески, со кои сочуствуваме. Искрено сочуство до фамилијата, нека почива во мир – напиша Томе Христоски, градоначаникот на Крушево на својот профил на  Фејсбук

Никола Проески почина вчера, по долго боледување. Веста за неговото заминување на својот профил на Фејсбук ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите: „Светол патот, татко мој“. Таа постави фотографија на која Никола се прегрнува со Тоше на последниот голем концерт на Проески, што се одржа на 5 октомври 2007 година, на стадионот во Скопје, што сега го носи неговото име.

Слични содржини