(Видео) Ако лажно се претставува надлежноста е повторно кај нив: МВР се правда – велат дека возилото од Дебар Маало не е на полициски службеник

Возилото не е на полициски службеник, велат од МВР за 4NEWS.mk откако утрово на друштвените мрежи се прошири видео од Дебар Маало како се (не) подигнува возило паркирано на несоодветно место.

„Настанот за кој прашувате се случил на 22.03.2025. Возилото е подигнато од страна на ПОЦ и од страна на СВР Скопје издаден е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник“, велат од МВР.

Граѓани издејствуваа пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Маало“.

Извор: 4News

Пронајдете не на следниве мрежи: