Регион

Општински натпревар по Прва помош во организација на Црвен крст Струмица

И оваа година традиционално ќе се одржи Општинскиот натпревар по Прва помош, во организација на Црвен крст Струмица.

Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа… Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Првата помош е непроценлива животна вештина која секој човек, особено младите треба да ја научат и надоградуваат во текот на животот.

🗓️26.4.2024 година (петок)
⏰Со почеток од 10:30 часот
📍Старт: Градски парк – Струмица

Црвен крст Струмица го поканува граѓаните да ги посетат пунктовите на кои ќе се натпреваруваат екипи од основните и средните училишта од Струмица.

Препорачуваме:

Со фискалната децентрализација пари за општините и од работата на казината бараат градоначалниците

Ване Трајков

Комплетирана програмата за Get EXITed спектаклот во Струмица: Џон Њуман и Бурак Јетер добија одлично регионално засилување

Ѓ. K.

Ангелов: Ги сакам мечките, но повеќе ги сакам луѓето

Ѓ. K.