Приватните специјализанти не се откажуваат: штрајкот ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања

Приватните специјализанти не се откажуваат: штрајкот ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти  гневни на министерот Демири зашто се обидел да ги исполитизира нивните барања. Младите специјализанти продолжуваат со штрајкот. Тие се револтирани и се чувствуваат понижени. Велат дека тие ја работат „измеќарската работа што докторите не сакаат да ја работат“, вклучително со целата административна работа, а дежурствата им се исплаќаат со редовно доцнење.Револтот им е голем,  објаснувајќи што значи да си приватен специјализант во македонскиот здравствен систем – без пензиско и здравствено осигурување, и работа за минимални 26.000 денари.

“Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија што треба да не мотивира за ние да си ги бараме основните човекови права кои ни се загарантирани со устав. Јас лично немам ниедна книшка од политичка партија. Единствената книшка што ја имам дома е крводарителската на која што пишува „нулта позитив“ – изјави доктор Христина Илиоска, приватен специјализант.

Приватните специјализанти добија поддршка и од пациентите.Тие велат дека срамно е државата сама да си ги брка докторите.

Многу ми е жал што ова им се случува на младите доктори што не ги примаат.А на клиниките има луѓе кои што чекаат.На онкологија е ужас.Пациентите чекаат со часови за да дојдат до хемотерапија а башка што влегуваат преку ред.Ајде нека ги примат овие луѓе, зошто да стојат тука зошто да бидат невработени и да не им тече стаж.Ајде да се направи нешто за овие млади луѓе да ни останат тука во државатавели една пациентка.

Приватните специјализанти нема да одат на работа, се додека од надлежните не добијат црно на бело план за нивно вработување и повисоки плати.

Тие веќе два дена не дежураат и не одат во амбулантите затоа што ветувањето на министерот за здравство Илир Демир сѐ уште не е исполнето. Бараат покачување на нивните плати кои во моментот изнесуваат 26.000 денари, здравствено осигурување и да добијат договор за вработување.

Инаку, на скопските клиники најмногу приватни специјализанти има на хирургија, гинекологија и интернистичкиот дел.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста