„Ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме за кога ќе дојдат

Објавил: Перо Милчин | 2 јули, 2022 19:40

Мицкоски пред почетокот на собирот пред Владата: Македонскиот идентитет пред и над сѐ

Фото/Текст извор: ©с печат

Лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред почетокот на сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ на платото пред Владата изјави дека ако треба „ќе чекаме подобри времиња и подобри луѓе за да влеземе достоинствено во Европската Унија“.

„Ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме за кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она што ние денеска сакаме да го кажеме“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, „предлогот е ултиматум и бугарски диктат за мегаломански барања и историски аспирации кон Македонија“.

„Денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да и стават крај на Македонија, ова нема да им го заборави македонскиот народ“, вели Мицкоски.

Овде нема политика, овде има само една партија, тоа е Македонија, и тука се луѓе од сите политички партии, но и оние кои што се неопределени, а кои што изминатото деноноќие дадода голем отпор и на социјалните медиуми јавно, но и во друштво со своите сомисленици, додаде тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.