Извлечени групите за ракометниот турнир на ОИ, Франција имаше можност да одбере група

Денес беше извршена ждрепката за ракометните турнири во машка и женска конкуренција на Олимписките игри во Париз. Интересно, домаќинот Франција имаше можност да одбере во која група ќе се натпреварува, а изненадувачки во машка конкуренција ја одбраа групата во која се и селекциите на Данска и Норвешка.

Во групата „А“ ќе играат: Шпанија, Хрватска, Германија, Словенија, Шведска и Јапонија, додека во групата „Б“ освен домаќинот Франција, се најдоа уште и Данска, Норвешка, Унгарија, Египет и Аргентина.

На женскиот турнир, во групата „А“ ќе играат Норвешка, Германија, Словенија, Шведска, Данска и Јужна Кореја, додека во групата „Б“ се најдоа Унгарија, Холандија, Шпанија, Франција, Бразил и Ангола.

Ракометните турнири на ЛОИ во Париз ќе се играат во периодот од 25 јули до 11 август. Прелиминарната фаза ќе се игра во Париз, додека завршницата на стадионот во Лил.

- Оглас -

Најнови вести