Connect with us

Осигурување

Промени во Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

На 17-тата седница на Собранието на акционери на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, одржана на ден 14.07.2023 година, донесена е Одлука за избор на Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска за неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Учета Дузлевска замина од позицијата Генерален директор и извршен член на Одборот на директори преземајќи меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав.

Останати членови на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје се: Г-дин Тедо Дјекановиќ, неизвршен член и Претседател на Одоборот на директори, Г-дин Владимир Мишо Чеплак, независен-неизвршен член на Одборот на директори, Г-дин Иван Сотошек, неизвршен член на Одборот на директори, Г-дин Ѓорги Јанчевски независен-неизвршен член на Одборот на директори и Г-ѓа Христина Џамбазовска Анастасов, Извршен член на Одборот на директори.

Осигурување

Големи промени во движењето на пазарот на осигурување, пазарот на осигурување бележи тренд на раст кај животното но и осигурувањето на неживот

Објавено

на

Согласно резултатите од објавените месечни извештаи од страна на Агенцијата за супервизија во осигурувањето во текот на изминатиот квартал, наведените показатели укажуваат на позитивно и стабилно движење со осигурителниот сектор. Повторно на самиот врв се наоѓа Триглав осигурување живот и оваа лидерска позиција ја добива според бројот на нова полисирана премија. 

Свеста за осигурителна заштита кај нашите граѓани во последните неколку години е на се повисоко ниво, а осигурителните компании како опција за клиентите своите производи ги прават се подостапни до нивните потреби и барања.

Трендот на раст е повторно присутен и тоа во сите класи на осигурување, а најизразено е зголемувањето на бројот на ново склучени полиси кај компаниите за осигурување на живот но воедно и раст кај бројот на исплатени штети.

Додека неживотните осигурувања најчесто се склучуваат од потреба за заштита на имотот, домот или автомобилската одговорност, животното осигурување се повеќе е препознаено како еден од најсигурните и најатрактивните начини за инвестирање и оплодување на финансиските средства.

Кај осигурувањето на живот за првиот квартал годинава забележан е раст на бруто полисираната премија од 21,9% во однос на минатата година, додека кај неживотното осигурување растот кај бруто полисираната премија изнесува 17,4%. 

Според првично објавените податоци за првиот квартал од 2024 година, збирот на месечната реализација на бруто премија во доменот на неживотните осигурувања изнесува скоро 3,5 милијарди денари, при што продолжува трендот на раст кај здравственото осигурување и осигурувањето на имот. Во сегментот на неживотно осигурување има промена и на пазарниот лидер со преземањето на лидерската позиција од страна на Осигурување Македонија со пазарно учество од 13,0%, на местото на ланскиот лидер Еуролинк.  

Во однос на движењето по компании, во првиот квартал од годината во сегментот на осигурување на живот, Кроациа Осигурување Живот бележи континуирано намалување на пазарното учество, па така и со овој квартал има пад на уделот на пазарот од ланските 28,8% на 26,1%, додека најголемо нагорно придвижување има кај пазарното учество на Триглав Осигурување Живот кој од ланските 18,8% го зголеми пазарното учество на 26,4%, со што стана втора компанија за осигурување на живот. 

Гледајќи ги овие резултати можеме да заклучиме дека генерално секторот за осигурување од година во година бележи раст по сите показатели, според број на склучени договори за осигурување, бруто полисирана премија но и исплата на штети.

Интересно е да се спомене дека Триглав Осигурување Живот во овој квартал повторно бележи најголем раст на пазарниот удел и е лидер по нова бруто полисирана премија па од минатогодишните 81,2 милиони денари оваа година се искачи на цели 163,2 милиони денари, односно од учество во пазарниот удел на нова премија полисирана од сите компании за осигурување на живот кај нас висина од 38,0% порасна до 50,1%. 

Сублимираниот пресек за неведениот период од првите 3 месеци од оваа година, укажува на зголемена  свесност кај граѓаните и компаниите за осигурување и потврда дека  се повеќе ги користат поволностите од осигурителните компании подеднакво кај сите класи на осигурување, а најнагласено е кај осигурувањето од автоодговорност и осигурување на живот и дефинитивно е за очекување дека овие класи дополнително ќе се зголемуваат и во иднина.

Продолжи со читање

Осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурувањето го оцени како неоправдан чекор зголемувањето на цените на полисите за автоодговорност на осигурителните компании

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.  По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Продолжи со читање

Осигурување

Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта

Објавено

на

Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно