Кои екипи ќе испаднат од Втора лига, а која екипа ќе игра бараж за опстанок?

На три кола до крајот неизвесна е трката кои екипи ќе испаднат од Втора лига, а која екипа ќе игра бараж за опстанок во второлигашкото друштво.

Караорман теоретски веќе е испаднат во Трета лига – Југозапад, стружани се на дното од табелат со 15 бодови на своето коло. Во трката за опстанок остануваат Каменица Саса, Осогово и Тетекс.

Саса до крајот има поволен распоред, ќе игра дома против Кожуф, потоа ќе гостува во Струга кај веќе отпишаниот Караорман, а во последното коло ќе игра против Вардар Неготино на домашен терен.

Осогово до крајот има повеќе од тежок распоред каде многу тешко ќе му оди собирањето на бодови, а веќе во следното коло може да заврши во зоната за директно испаѓање. „Жетварите“ веќе овој викенд дома ќе играат против ланскиот прволигаш Скопје, потоа ќе гостува во Големо Речица кај Арсими, па ќе игра дома против новиот прволигаш Пелистер од Битола.

Тетекс до крајот ќе има тежок распоред. Веќе овој викенд ќе игра против новиот прволигаш и лидер Беса, потоа на домашен терен против Охрид и во последното коло ќе гостува во Куманово кај Башкими.

Ова е распоредот на екипите кои најмногу се загрозени кога е во прашање опстанокот.

Новаци и Победа веќе овој викенд може да стават печат на опстанокот и на последните две кола нема да имаат причина за загриженост.

Александар Ванев, М-Нет