Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Дамјан Пејчиноски специјален гостин на настапот на Николче Мицевски во Public Room

Охрид, 9, мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот македонски гитарист, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски ќе биде специјален гостин на настапот на Николче Мицевски во Public Room во Скопје, во сабота, на 18-ти мај 2024 година.

– Секогаш е чест и задоволство да се свири со Николче Мицевски. Се гледаме во Public Room во Скопје на 18-ти мај, порача Дамјан на неговите профили на социјалните мрежи.

Мицевски вели дека заедно со Пејчиноски ќе ја изведат неговата тема „Time“ и уште неколку други композиции кои ги подготвуваат специјално за овој настан.

– Ве очекуваме, сите заедно да ја уживаме музичката приказна „New Era“, порача Мицевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука