Вести Свет Топ вести

Руската мисица, убавата Катја, загина во терористичкиот напад во Москва

Руската мисица Екатерина Новоселова, која ја освои титулата „Мис Твер“ во 2001 година, е убиена во терористичкиот напад во салата „Крокус“ ​​во Москва, објавуваат руските медиуми.

Ова за за нив го потврдила поранешната директорка на агенцијата за модели, Олга Даргевич, која го организираше натпреварот во 2001 година, пренесува „Курир.рс“.

Името на Екатерина Новоселова беше на првата листа на жртви објавена од Министерството за вонредни ситуации на Русија.

– Точно е дека се случи, навистина голема трагедија – рече Даргевичева.

Таа објасни дека информацијата прво се појавила во медиумите.

– И пишав на мајка и, прашав дали пишуваат само новинари, дали е грешка… Ми напиша само два збора: „Катја умре“ – рече Олга Даргевиќ.

Според неа, Екатерина претходно живеела во Твер, учествувала на емисии и натпревари низ цела Русија.

Откако ја освоила титулата во родниот град, завршила факултет и се вработила во банка, а потоа се преселила во Москва.

– Има две прекрасни деца – момче и девојче. Беше многу бистра, многу љубезна девојка… Најљубезната личност. Шокирани сме, се уште не можеме да веруваме дека се случила ваква трагедија – рече Даргевичева.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Основците и средношколците од утре до 6 мај на пролетен распуст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе