Во говорот за антисемитизмот, Бајден го спореди нападот на Хамас со холокаустот

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот предупреди на растечкиот антисемитизам во САД, вклучително и на универзитетските кампуси, во време кога неговата поддршка за Израел ја дели неговата Демократска партија и ги одвраќа младите гласачи.

Во говорот посветен на шесте милиони Евреи убиени во Втората светска војна, Бајден се вклучи во жестока јавна дебата за нападите врз Евреите, ционизмот, слободата на говорот и поддршката за Израел во земјата со најголемо еврејско население надвор од Израел.

Обраќајќи се на масата луѓе на комеморацијата во Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон, претседателот предупреди дека “вистината за систематското убивање на Евреите во Втората светска војна може да се изгуби’.

„’Никогаш повеќе’ во преводот едноставно значи: Да не заборавиме. А да не заборавиме значи дека мораме упорно да ја раскажуваме приказната, да ја кажуваме вистината“, Постои ризик луѓето да не ја знаат вистината“, рече Бајден.

Бајден зборуваше седум месеци откако палестинската милитантна група Хамас изведе незапаметен во историјата според координираност, обем и суровост над врз касарни, кубуци и градови во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи 1.200 луѓе, од кои над 300 припаници на израелските безбедносни вооружени формации, во како што рече, најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот.

„Оваа омраза (кон Евреите) останува во срцата на премногу луѓе во светот и бара од нас да бидеме будни и постојано да зборуваме за тоа. И еве сме денес, не 75 години подоцна, туку едвај седум и пол месеци подоцна, а луѓето веќе почнуваат да забораваат дека овој терор го започна Хамас.

Во одмаздата на Израел убиени се речиси 40.000 луѓе во Газа, од кои две третини се деца и жени, исчезнати под уранитините се уште околу 10.000 лица а повеќе од 70.000 се ранети и трајно осакатени. Најголемиот дел од 2,4 милиони жители на тесната крајбрежна енклава којашто цела деценија е под речиси херметичка блокада на Израел по копно од море и од воздух, се на работ на глад. Покрај тоа, израелската војска почна со напади врз најјужниот град Рафах во кој се засолнати 1,5 милиони жители на сраментата со земја енклава на коишто им нареди да се евакуираат, што всушност е ново потиснување на Палестинците кон територијата на соседен Египет. Сето тоа предизвика голем бран протести, особено на универзитетите, низ САД со кои бара Бајден и САД да ја прекинат својата поддршка за Израел.

Бајден рече дека секој има право да протестира, но не ги спомна убиените во Газа.

„Знаеме дека демонизирањето на малцинството е опасност за секое малцинство. На американските кошули нема место за антисемитизам, говор на омраза и каква било форма на насилство“, рече американскиот претседател.

Израелската војска во вторникот соопшти дека ја презела контролата врз палестинската страна на јужниот граничен премин Рафах во Газа, кој се граничи со Египет, затворајќи го виталниот пат за хуманитарна помош за палестинските цивили додека се подготвува за можна офанзива за наводно елиминирање на борците на Хамас.

Многу американски Евреи ги критикуваат нападите на Израел врз Газа и водеа протести против десничарската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Бајден рече дека неговата поддршка за Израел е несомнена, и покрај некои несогласувања со владата во Ерусалим. Американската влада наводно запрела неколку испораки на оружје за Израел, изјави неименуван извор за Reuters, меѓутоа ниедна страна официјално не го потврди таквото тврдење.

Полицијата и невладините организации укажаа на големото зголемување на антисемитските напади во САД од 7 октомври 2023 година, како и нападите врз муслиманите, меѓу кои е и бруталното убиство со нож на седумгодишно арапско момченце. Некои Американци се за политика на нулта толеранција и многу широко го толкуваат антисемитизмот, додека други веруваат дека заплашувањето од напади врз Евреите се користи како средство за ограничување на легитимната критика на американската политика кон Израел.