Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), за половина денар се намалуваат цените на дизелот и бензинот Еуросупер БС-98
Дел од горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), за половина денар се намалуваат цените на дизелот и бензинот Еуросупер БС-98. Литар дизел од полноќ ќе се продава за 75,5 денари, а цената на бензинот Еуросупер БС-98 ќе изнесува 89,5 денари за литар.
Цената на безнинот Еуросупер-БС-95 денеска останува иста и нема да се менува.
За половина денар од ноќеска на полноќ поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 75,5 денари. Мазутот, пак, поскапува за 2,107 денари и ќе чини 46,661 денари за килограм.