Поврзете се со нас

Шпанија

Андонова со два гола ја реши Севилја (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LUDfemenino

Македонската репрезентативка, Наташа Андонова со два гола донесе победа на Леванте над Севилја во првата шпанска лига.

Гостите од Валенсија потврдија дека се подобар тим од Севилја во актуелнава сезона и славеа со 3-1, резултат во кој Андонова учествуваше со два погодоци и тоа во судиското продолжение на првиот дел и во 50 минута која мајсторски погоди со глава.

Со ова Наташа дојде до бројката од пет голови во шампионатот и притоа има забележано три асистенции.

Леванте со 47 бода е на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни