Македонија
(Фото) СДСМ: 240.000 илјади евра тендери од Битола за Пуцко Петрол – омилениот снабдувач на ДПМНЕ

Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води ДПМНЕ и тоа подолг период, години наназад, велат од СДСМ.
„Само со три договори склучени со општина Битола, каде градоначалник е Коњановски од ДПМНЕ, речиси 240.000 евра завршиле кај оваа компанија. Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони народни пари преку општините, министерствата и други институции кои тие ги раководат завршиле кај Пуцко Петрол?“, стои во соопштението на СДСМ.
Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС е директен учесник во криминалот со канцероген мазут тежок 167 милиони евра. На македонската јавност и е многу јасно дека за дебело да профитира нивната политичката и бизнис елита, СДС и ДУИ посегнаа и кон труење на граѓаните. Пуцко Петрол е омилена компанија од владеењето на СДС и ДУИ. Таа е фирма на син на омилениот пратеник на СДС од ДУИ, Исмаил Јахоски. Седум години на власт, СДС се погрижиле династијата од Пласница енормно да го зголеми богатството, но за жал на штета на здравјето на граѓаните. Седум години Пуцко Петрол од СДС, како од централната, така и од локалната власт земал тендери тешки милиони евра. Седум години Пуцко Петрол заедно со РКМ ги труеле граѓаните со канцероген мазут. Седум години СДС го толерирала Пуцко Петрол, затоа што и самите беа вклучени во криминалот тежок скоро 167 милиони евра, преку кој со канцероген мазут го труеја народот. Директни учесници на СДС во овој криминал во ТЕЦ Неготино, се нивниот кадар и директор во бегство од правдата, Васко Ковачевски и другите нивни функционери“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата на вонредна седница донесе неколку важни одлуки

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани.
„На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100ци луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на министерството за огромната несреќа која се случи.
Исто така, на владината седница се донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Северна Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.
Влада донесе заклучок за активирање на механизмот за барање на меѓународна помош.
Воедно, владата ја информира јавноста дека во соработка со Министерството за внатрешни органи и другите институции надлежни за целосно расчистување на случајот се прибираат материјални докази и дека секој еден којшто е инволвиран во овој трагичен настан и свесно придонел за загрозување на човечките животи ќе биде изнесен пред органите на правдата и соодветно ќе одговара.
Никој не е над законот.
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, во овој трагичен настан не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба.
Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените.
Водно, во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот“, стои во соопштението на Владата.
Македонија
Таткото кој трагаше по ќерките низ болниците едната ја најде меѓу повредените, другата меѓу починатите

Во пожарот во дискотеката во Кочани загина и Лепа Тасева, на 25-годишна возраст.
Претходно нејзиниот татко трагаше по неа и сестра и Марија.
„Дојдовме тука да ја бараме, во Кочани ја нема, во Скопје ќе ја бараме“, изјави таткото Бобан Тасев.
Тој сведочи дека едната ќерка, Марија, која ја нашол е хоспитализирана. Таа се повредила кога паднала при евакуацијата, а врз неа газеле други лица што се обиделе да се спасаст.
Македонија
(Видео) Последната снимка на членовите од бендот „ДНК“ Ѓорги Ѓорѓиев и Филип Стевановски

Меѓу починатите во големата трагедија во дискотеката во Кочани се и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски и Ѓорѓи Ѓорѓиев, редовен член на бендот на „ДНК“.
Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Синоќа на социјалните мрежи двајцата членови пред почетокот на настапот го објавија и последното видео.