Јужнокорејската компанија Samsung ова лето треба да го претстави новиот преклопен телефон наречен Galaxy Z Fold6 Ultra, на својот Unpacked настан на 10 јули.
Гласините на интернет сугерираат дефинитивно постоење на нов модел на преклопен телефон од јужнокорејската компанија – врз основа на протечените информации со бројот на моделот SM-F958N. Тоа значи дека се работи за Ultra уред, бидејќи Samsung обично последната цифра од моделот на телефонот ја означува со бројот осум, а упатените тврдат дека се работи за Galaxy Z Fold6 Ultra, иако за овој модел се уште ништо не може да се каже со сигурност.
Сепак, бројот на моделот SM-F958N може да ја сугерира и ограничената достапност на уредот, бидејќи таквите имиња обично се за модели кои се наменети само за домашниот пазар – Јужна Кореја, пишува GSMArena. Со оглед на врвниот хардвер што е достапен, цената веројатно ќе биде доста „надградена“, таман во колична доволна за јужнокорејскиот пазар. Дополнително, во Јужна Кореја ќе се продава и Galaxy Z Fold6, кој има број на модел SM-F956N, но овој уред, како и неговите претходници, треба да пристигне во земјите низ светот.
Очекувано, спецификациите на Ultra моделот на преклопониот Fold телефон сè уште не се објавени, но гласините укажуваат дека основниот модел Galaxy Z Fold6 ќе има ист распоред на камерите како Z Fold5 и Z Fold4, што значи систем со тројна камера.
Тоа вклучува примарна камера од 50MP со отвор на бленда f/1,8 со OIS, телефото камера од 10MP со 3x зум и отвор f/2,4 со OIS и камера со ултраширок агол со 12 MP со решетка f/2,2. Дополнително, упатените очекуваат Z Fold 6 да биде потенок и полесен во споредба со претходните модели на Galaxy Z Fold. Исто така, веројатно е дека новиот модел Z Fold ќе има вграден слот за S Pen, исто како Galaxy S24 Ultra.
Врз основа на познатите информации, можеме да претпоставиме дека Samsung ќе претстави два различни уреди, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Fold6 Ultra, а она што би требало да биде сигурно е дека Z Fold6 Ultra ќе има Snapdragon 8 Gen 3 чипсет.