Системот „Безбеден град“, кој од вчера е ставен во функција и во декември испраќа само опомени, а од јануари ќе почне да казнува, доби силна поддршка од премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека очекува системот да се прошири на целата територија на државата. Премиерот беше дециден дека Владата е подготвена да се соочи со политички последици, доколку тоа значи спасување човечки животи. – Го поддржувам „Безбеден град“ и поддржувам да се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го коментираше новиот систем „Безбеден град“, кој започна со работа вчера. Според најавите, во декември системот ќе испраќа само опомени, додека од јануари ќе започне и со казнување на прекршоците. Мицкоски истакна дека ја поддржува примената на системот и посакува тој да се прошири на целата територија на државата. „Ја поддржувам примената на ‘Безбеден град’ и се согласувам да се прошири низ целата ...

