Ковачевски: Се појавија многу лаги за францускиот предлог – македонскиот јазик е апсолутно чист

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во јавноста се појавиле многу лаги и шпекулации поврзани со францускиот предлог. Тој преку социјалните мрежи порача дека македонскиот јазик бил апсолутно чист, а предлогот ги штити националните интереси.

-Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги. Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени, напиша Ковачевски на Фејсбук.

 

02.07.2022 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега