Поранешниот тренер на ракометниот клуб Вардар, Веселин Вујовиќ, си замина до Нексе по само два месеца. Тој дојде како спасител со бомбастични најави и многу крупни зборови, но по поразите од Рајн Некар Левен и Савехоф во Лига Европа, прекинатиот натпревар во домашното првенство со тимот на Загреб, ремито со Пореч (28:28) во саботата, дојде и до отказ.

Раководството и тренерот постигнаа спогодбен раскин на договорот, а тимот ќе го преземе Крешо Иванковиќ. Црногорскиот стручњак кој по ремито со Пореч јавно истакна дека играта на неговиот тим е срамна, сега го повтори и истакна дека е морално да се повлече од функцијата на прв тренер.

  • Очигледно шок-терапијата не успеа да го раздрма тимот, пред се со смената на тренерот Бранко Тамше, а потоа и јас не успеав за ова кратко време да го разбудам тимот онака како што знам и умеам. Оваа одлука ја донесов откако натпреварот против Пореч, кој и покрај проблемите со кој моравме да победиме, по што реков дека се срамам и дека повеќе сакам да исчезнам и мислам дека моралниот чин од моја страна беше да дадам оставка, има и дисциплинска постапка. Спроведена од Хрватскиот ракометен сојуз против мене, а многу е извесно дека ќе добијам казна од неколку натпревари на кои нема да можам да го водам тимот, да го тренирам, па сето тоа му го доверувам на мојот поранешен помошник Крешо Иванковиќ. Искрено се надевам дека играчите ќе разбудат нешто спортско и карактерно кај нив и дека ќе дадат многу повеќе на теренот за да го вратат Нексе на вистинското место, како во хрватскиот, така и во европскиот ракомет. Прекрасно си поминав во Нашице и имам само убави спомени, на сите во клубот им посакувам многу среќа и ви благодарам за се, изјави Веселин Вујовиќ.

Претседателот на клубот Јосип Ерговиќ истакна дека ова е многу тешка одлука за него и за тимот, но истакна дека црногорскиот стручњак пред сè побарал да биде сменет.