Прва европска земја која донесе закон за договор за работа на сексуалните работнички: Ќе имаа породилно, пензинско и здравствено осигурување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Белгија е првата земја во светот која усвои закон за договор за работа на сексуалните работнички. Според законот, ако сексуална работничка одбие клиент повеќе од 10 пати во тек на шест месеци, работодавецот тогаш може да интервенира во институциите, но не може да ја отпушти од работа.

Сексуалните работнички би имале право на здравствено осигурување, пензии, семејни парични надоместоци, годишен одмор и породилно отсуство.

„Овој закон е прв ваков во светот. Немам доволно зборови да кажам колку е ова важно“, рече Даан Баувенс од синдикатот на сексуалните работници во Белгија.

„Со овој модел, Белгија покажува дека има за цел да ги заштити сексуалните работнички“, изјави тој.

Работничките добија одредени права, а работодавачите услови за работа. Ова го вклучува правото да се одбие клиентот, или право да се прекине односот во секое време, без страв од казна или бркање од работа.

Тие можат да го раскинат договорот во секое време без најава, и нема да го загубат правото на надоместок за невработеност.

Некои земји како Нов Зеланд, Германија и Холандија ја признаа сексуалната работа пред Белгија, но никогаш не донесоа правна рамка.