10 работи кои треба да ги направи наставникот за коректна комбинирана (онлајн) настава

На наставниците не им е лесно, тие се ставени во експериментални лаборатории со поволни услови за развивање вируси. Соочени со многу предизвици, се чини дека голем дел од нив ги занемаруваат децата кои учат онлајн. Понекогаш има објективни причини, но понекогаш е едноставно тешко да се држи комбинирана настава.

Сепак, има наставници кои предаваат коректно и тие го даваат моделот на соодветна комбинирана настава. Еве што можеме да научиме од нив, тие:

1. Ги внесуваат часовите во календарот

2. Се приклучуваат на час на време

3. Ги вклучуваат онлајн учениците во дискусиите

4. Ги прашуваат редовно

5. Камерата е кон наставникот

6. Кога предаваат не стануваат (ако е возможно!) за да може да слушнат и тие што се онлајн

7. Кога користат дополнителни материјали ги шеруваат со децата кои се онлајн

8. Сите материјали и домашни ги закачуваат на Microsoft Teams

9. Им посветуваат внимание на тие кои се онлајн, како да се во училницата

10. Генерално ги третираат сите ученици подеднакво!

Тие наставници ги почитуваат правата на сите деца на образование, како дел од Универзалната делкарација за човечки права (член 26) и се за пофалба. Додека, другите…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *