Поплава

Објавил: Калина Мартинска | 26 април, 2024 14:36

Пукната цевка ја поплави Тоскилогија, клиниката не e осигурана

Фото/Текст извор: ©mkd.mk

Синоќа скоро два часа течела вода од пукната цевка од парното на Клиниката за токсикологија поради што бил полавен третиот кат на килинката, а водата се слевала сѐ до подрумот. Клиниката не била осигурана од штети, нешто на што неодамна предупредија вработени во клиниката преку писмо упатено до јавноста.

Пред повеќе од еден месец медиумите пишуваа за состојбите на Клиниката за токсикологија особено по назначувањето на економската директорка Бесија Иљази на еден ден пред формирањето на техничката Влада.

Од Министерството за здравство потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

„Нема штета, сѐ е повторно вратено во функција“, велат од Министерството за здравство за МИА.

Клиниката не била осигурана од штети, нешто на што неодамна предупредија вработени во клиниката преку писмо упатено до јавноста.

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката Бесија Иљази не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани“. реагираа неодамна докторите од Токсикологија.

Долг од два милиони денари, хаос, со месеци чекање валидизирани резултати – се само дел од проблемите со кои се соочуваат вработените во Клиниката за токсикологија откако за вршителка на должноста организациска директорка е назначена Бесија Иљази, се пожалија дополнително докторите.

По ова, министерот за здравство Илир Демири, најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на клиниката Данил Петровски по што и ја спроведе најавената одлука.

Во врска со работењето на економската директорка Иљази рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на законите.

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант и 2 биолози четири месеци незаконски работеле на Клиниката за токсикологија, утврди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонрeдниот инспекциски надзор по добиена анонимна претставка од група на вработени на Токсикологија, поднесена поради незадоволство од работењето на клиниката особено со статусот на здравствените работници и соработници кои работеле без никаков договор за вработување после 31 декември 2023 година.

МКД.мк пред повеќе од еден месец прв го отвори прашањето и напиша за состојбите на Клиниката за токсикологија особено по назначувањето на економската директорка Бесија Иљази на еден ден пред формирањето на техничката Влада.

Министерот вели ако немало осигурување, менаџментот треба да се сноси одговорност

Министерот вели дека Клиничкиот центар има заеднички служби чија примарна обврска е да се грижат за Клинички. Во нив, според него, е вклучена и обврската да интервенираат во случај на сите хаварии што може да настанат.

За тоа дали е потпишан договор за осигурување на Клиниката, Демири рече дека мора да провери дали е тоа случај или не.

„Ако зборувате за хаваријата со цевката од парното, тоа е санирано уште вчера од страна на заеднички служби. Во врска со вашето прашења дали е потпишан договор (за осигурување), тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па потоа да ви кажам дали е така или не“,вели министерот за здравство.

На директно новинарско прашање дали е законски Клиниката да не биде осигурана, Демири одговори:

„Не е законски и за тоа менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност ако е вистина ова што го кажувате. Треба да се провери дали има договори или не.“

 

Види и ова:

Незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести