МЗТ Скопје Аеродром овојпат не дозволи драма и убедливо го победи ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром убедливо со 91:67 славеше над ТФТ Скопје и поведе со 2:0 во победи, во полуфиналната серија од плејофот. На актуелниот шампион сега му е потребна само уште една победа за да се пласира во финалето.

На мечот во “Јане Сандански” МЗТ уште од самиот старт покажа сила. Аеродромци поведоа со 13:5, а пред крајот на првата четвртина домаќинот имаше и 14 поени предност (21:7).

Сигурната игра на фаворитот продолжи и на стартот во втората четвртина кога предноста стигна и до 21 разлика (33:12), која ка задржаа и на полувремето (50:29).

Во средината на третата четвртина МЗТ стигна и до највисоки 65:36 и беше јасно дека до крајот на средбата фаворитот треба рутински да одработи за нов триумф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести