ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уапсени се 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник

Утрово во акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) уапсени се околу 17 припадници на затворската полиција, дознава „360 степени“.

Од ОЈО ГОКК ни потврдија дека имало ваква акција и дека се уапсени 17 лица и за кратко време најавуваат соопштение со повеќе детали за што конкретно станува збор.

Според првичните неофицијални информации, акцијата е во врска со бегство на затвореник и не е поврзана со минатонеделните претреси во скопскиот затвор „Идризово“.

Од ОЈО ГОКК, исто така, ни потврдија дека станува збор предмет што го водело специјализираното одделение на ова обвинителството за гонење полициски службеници и припадници на затворската полиција поради сторени кривични дела.

Според информациите, осомничени припадници на затворската полицијата се веќе спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот за „360 степени“ потврдија дека се донесени повеќе лица, околу 17, но повеќе детали засега не соопштуваат.

Оттаму велат дека во зависност од предлогот на надлежен јавен обвинител, во текот на денот судија на претходна постапка ќе одлучува какви мерки ќе им бидат определени на осомничените.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button