Русија не ги покани претставниците на „непријателските земји“ на парадата на Денот на победата

од Vladimir Zorba

Русија не испрати покани за денешната парада на Денот на победата над фашизмот во Москва до амбасадорите и претставниците на земјите кои ги смета за непријателски, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Захарова за ТАСС посочи дека претставници на „непријателските земји“ трета година по ред не биле поканети на парадата за Денот на победата.

„Не се поканети од 2022 година затоа што режимите во тие земји водат, да го формулираме како, непријателска политика, тоа е терминот што беше воведен, но тие всушност водат агресивна политика кон нашата земја, а ние ја формулираме како хибридна војна“, изјави Захарова.

Слични содржини