Мистерија: Голманот на Мароко стоеше на химната, па исчезна

Мароко стигна до сензационална победа на дуелот со Белгија, а меѓу најзаслужните што не беше примен ниту еден гол беше голманот Мунир.

И тука почнува мистеријата, бидејќи Мунир воопшто не беше најавен за стартер во официјалниот записник на овој натпревар, а при излегувањето и интонирањето на химната меѓу единаесетмината беше Јасин Бону.

Веднаш потоа, при фотографирањето на мароканската репрезентација неговото место го зазеде Мунир, а промената беше забележана дури десетина минути почетокот од натпреварот.

Неофицијално, на Бону му се слошило непосредно пред првиот судиски свиреж, по што самиот побарал да биде заменет, а се очекува во следните 24 часа да бидат објавени детали за неговата здравствена состојба, како и тоа дали голманот на Севилја ќе може да се врати на голот за дуелот со Канада, решавачки за Мароко во битките за пласман во осминафиналето.

Се вчитува...