СПОРТФУДБАЛ

Зидан и Белингам со истиот предлог (засилување) за Флорентино Перез

Интересни информации изнесоа шпанските медиуми, а поврзани со друго потенцијално засилување. Имено, според „Дефенса Сентрал“ на Перез му е предложено име и тоа од две страни, од Џуд Белингем и Зинедин Зидан.

Станува збор за Џејдон Санчо кој во Борусија Дортмунд пак ја оживеа кариерата, по неуспешниот престој во Манчестер Јунајтед. Бидејќи е само позајмен во таборот на „милионерите“, големи се шансите Санчо да се врати во Манчестер, меѓутоа е јасно дека не планира да се задржи на „Олд Трафорд“.

Поради тоа поранешниот соиграч од Борусија, Белингем го предложил Санчо на својот претседател, а сличен предлог Перез добил и од поранешниот тренер Зидан.

Иако станува збор за шпекулации, постои шанса Реал навистина да тргне по потписот на Санчо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button