Фудбал

Милан веќе бара нов тренер

Милан веќе бара нов тренер

Според „Калчомеркато“, управата на клубот од Милано сака да го замени Пиоли со Паоло Фонсека, актуелниот тренер на Лил.

Португалецот добро го познава италијанскиот фудбал со оглед на тоа што има работено во Рома, а низ досегашната кариера има водено и екипи како Порто, Брага и Шахтјор Доњецк.

Друг кандидат е Игнасио Абате кој го предводи Примавера составот на Милан со кого има добри резултати. Имено тој ги однесе надежите до финалето на ЛШ во кое за титула ќе мора да биде совладан Олимпијакос.

To top