Блејк Грифин стави крај на својата кошаркарска кариера

од Симе Стоиков

По 14 НБА сезони, Блејк Грифин реши да ја заврши професионалната кариера на 35 години.

Грифин имаше богата кариера. Неговиот прв тим во кариерата беше Лос Анџелес Клиперс, чиј дрес го носеше девет години.

Во тој период беше избран за најдобар дебитант во сезоната.

Покрај тоа, Грифин шест пати беше член на Ол-стар тимот, додека еднаш беше победник на натпреварот во забивање. Се уште се памети неговото забивање кога успеа да прескокне автомобил.

Покрај за Клиперс, Грифин играше и за Детроит, Бруклин и Бостон.

Слични содржини