Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Во сабота на 13-ти април во 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со дела на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје придружена со звучна инсталација на студентите од Факултет за музичка уметност. 

Настанот е во организација на Europe House Skopje и Факултетите за ликовна и музичка ументност. „Во прекрасниот амбиент на Сули ан ќе бидат изложени селектирани творби од младите автори, актуелизирајќи ги студентските свежи достигнувања од различни уметнички профили. Тие умешно го градат својот автентичен ликовен и стилски израз, а поддршката на креативниот развој е секогаш добредојдена.„

Настанот е дел од проектот Студентска пролет кој се одржува во месец април на повеќе локации низ Скопје.

- Реклама -