Сијарто: Европската унија се подготвува за светска војна

од Симе Стоиков

Европската унија, во позадина на влошената ситуација за вооружените сили на Украина, се подготвува за светска војна, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по состанокот на шефовите на министерствата за надворешни работи и одбрана на Европската унија во Луксембург.

„Брисел реагира на влошената ситуација на фронтот за Украина подготвувајќи се за светска војна“, рече Сијарто и додаде:

„Од празни магацини му ветуваат оружје на Киев“

Според него, средбата наликувала на „состанок на воени команданти во штабот“, бидејќи неколку часа „речиси сите зборувале за тоа колку единици од каков вид оружје и според кој распоред се подготвени да и достават на Украина од практично празните магацини“.

Сијарто нагласи дека досега сета воена помош за Украина не придонела за нејзиниот успех на фронтот.

„Прашањето е, ако таа стратегија претходно не функционираше, зошто да функционира сега? Сметаме дека снабдувањето со оружје води само до продолжување на војната и зголемување на ризикот од светска војна“, нагласи Сијарто и додаде дека „Унгарија смета дека влошувањето на ситуацијата на фронтот треба да ги поттикне напорите за воспоставување мир, додека нејзините услови мора да се разговара во присуство на двете страни во конфликтот, инаку нема смисла“.

Слични содржини