Уметничкoто дело на Бенкси оштетено со бела боја

Муралот насликан од уличниот уметник Бенкси на станбена зграда во Лондон е обезличен.

Уметничкото дело се појави за време на викендот а на него се гледа зелена боја испрскана на ѕидот зад големо дрво. Бојата изгледа како зеленило, а на ѕидот е нацртан и човек кој држи распрскувач за боја.

Но, во средата наутро, уметничкото дело, опкружено со заштитна метална ограда, беше оштено со бела боја.

Советот на Ислингтон соопшти дека се инсталирани камери и а се разгледуваат и други начини за заштита на делото.

Портпаролот изјави дека властите го поздравиле делото, додавајќи: „Многу сакаме да остане. Ова е навистина моќно дело, кое ја нагласува виталната улога што ја играат дрвјата во нашите заедници и во справувањето со климатската состојба. Тажно е да се види дека делото е обезличено“.

Кога првпат се појави муралот, „брзо пробавме да воведеме привремени мерки за да го заштитиме, како што се поставување ограда и посети од службениците на патролата во паркот“.

Во понеделникот, Бенкси потврди дека муралот е негов со објава на социјалните мрежи.

Локалниот жител и новинар Карлос Серано рече дека уметничкото дело на Бенкси веднаш покрај неговиот стан довело голема толпа на луѓе.  Неговиот прозорец сега се наоѓа во оградената област која ја штити уличната уметност.

Откако делото беше оштетено со бела боја многу од посетителите имаа реакции.
 „Ова е вистински срам. Се случи преку ноќ’’

Засега, лицето одговорно за белата боја не е идентификувано.

Како и со многу од делата на Бенкси, најновото дело предизвика дебата и низа мислења, вклучително и од некои борци за заштита на природата кои велат дека дрвото било премногу отсечено.

Советот на Ислингтон објасни дека црешата што ја избрал Бенкси е стара од 40 до 50 години и со влошено здравје, со распаѓање и оштетување од габи.

Локалните власти соопштија дека ќе продолжат да работат на обидот да го одржат дрвото во живот.

Извор: https://www.theguardian.com/artanddesign/2024/mar/20/banksy-mural-finsbury-park-north-london-defaced-white-paint

Пронајдете не на следниве мрежи: