22.8 C
Скопје
16:09 - 27 април, 2024

(Фото) Милица Тодоровиќ во стајлинг од 8.800 евра! Прошетала низ аеродромот без грам шминка

Српската пејачка Милица Тодоровиќ, која веќе извесно време ужива во врска со манекенот Лазар Граниќ, секој викенд редовно настапува низ цела Европа. Така Милица минатиот викенд на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ прошета во стајлинг вреден 8.800 евра.

Иако досега не се истакнуваше по скапите комбинации на облека, модните познавачи биле шокирани од фактот што таа тој ден ги носела најновите модели на модните брендови „Баленсијага“ и „Прада“.

 

Целото внимание го украло интересната тексас јакна на „Баленсијага“ во предимензиониран крој со нитни, која чини 5.500 евра. Со неа носела и патики од истата марка од речиси 900 евра во бела боја и маица од дури 600 евра. На рамо го закачила црниот ранец од најлон на „Прада“, кој чини 1.800 евра.

Тодоровиќ била многу расположена, што може да се види и од снимките на емисијата „Папарацо лов“.

Пејачката беше насмеана и не ги избегнувала медиумите иако била исцрпена од настапот и патувањето. На лицето немала ни трага шминка, а сите ги воодушевила кога во тоа издание позирала за медиумите.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо
Се вчитува....