Ова е уште една релативно типична платформа која овозможува пронаоѓање билети за поевтини патувања, со тоа што оваа платформа се специјализира за патување со автобус или воз, и тоа специфично во Европа.
Апликациите и платформите кои овозможуваат лесно пронаоѓање и купување на најповолните билети за патување со различни транспортни средства не се ништо необично, а Trainline е уште една таква платформа. Сепак, таа е специјализирана за автобуски и железнички превоз во Европа.
Не може да се каже дека нуди нешто спектакуларно иновативно или досега невидено, но тоа не значи дека нема да ви помогне кога ќе планирате патувања до дестинации во Европа. Лесна е за користење, а започнува само со внесување на посакуваната точка на поаѓање, дестинацијата и времето на патување, заедно со други типични параметри.
По кратко пребарување ќе добиете преглед на неколку можни билети, па затоа е многу лесно да се најде најсоодветниот автобуски превоз или транспорт со воз. Потоа може да се купи билет директно од апликацијата, но не за сите превозници или пронајдени патувања, што е отежнувачка околност.
Секако, сите купени билети може да се погледнат во рамките на апликацијата, во делот наменет за тоа. Всушност, нема посебни дополнителни опции и иако ќе најдете патување со автобус за повеќето дестинации (најчесто Flixbus), патувањето со воз е малку поретко. Последново особено се однесува на линиите во регионот, додека работите се нешто подобри кај меѓународните транспортни линии.
Апликацијата Trainline е бесплатна, а може да се преземе од App Store на iOS и Google Play Store на Android.