Бо Хенриксен е нов тренер на Мајнц

Данецот Бо Хенриксен е назначен за нов тренер на Мајнц, потврди германскиот клуб. Договорот е потпишан со важност до летото 2026 година.
Хенриксен, кој до минатото лето работеше во швајцарски Цирих, доаѓа на местото на Јан Сиверт.
“Бо е тренер со искуство во многу клубови. Имаше успеси неколку пати во кариерата. Исклучително
искрени емотивен. Неговата позитивна енергија многу ни одговара“, изјави спортскиот
директор на „црвено-белите“.
Хенриксен (49) ќе има тешка задача да го спаси Мајнц од испаѓање. Тимот се наоѓа на 17. место во Бундеслига.
Бо Хенриксен е третиот тренер кој ќе го предводи Мајнц оваа сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО