Леброн и Лејкерс си закажаа меч со Денвер и Јокиќ, елиминација за Вориорс

Екипата на ЛА Лејкерс се пласираше во плеј-офот и си закажаа дуел со шампионот Денвер и Никола Јокиќ. Лејкерси ја минаа Лузијана го победија Њу Орлеанс со 110-106, преживеаја и 40 поени на Зајон Вилијамсон кој се повреди. Леброн го водеше тимот со 23 поени, девет скока и исто толку асистенции, уште еднаш покажувајќи дека годините не му можат ништо. Неговиот тим на крајот од регуларната сезона, доби 12 од 15 мечеви, и влегоа во форма во вистинско време.

Таму ги чека шампионот и реприза од минагодишното финале на Западот, кога Денвер ги елиминираше Лејкерси со „метла“. Иако Денвер има одличен скор против Лејкерс, сепак, нивните натпревари секогаш се неизвесни.

Њу Орлеанс во битката за последното место во плеј-офот на западот ќе го нагостат Сакраменто. Кингси синоќа многу полесно од очекуваното ги елиминираа кошаркарите на Голден Стејт Вориорс со 118-94. Киген Мареј со 32 поени беше незадржлив за противничките кошаркари, а сега во Лузијана ќе мора да ги победат и Пеликанс. Сакраменто беше многу мотивиран, а ова е одмазда за минатата сезона кога Кингси беа елиминирани токму од Ворирорс дури во седмиот натпревар.

Трагичар на средбата е Томпсон кој ги промаши сите 10 шутеви, а после овој пораз ќе стане слободен агент со оглед дека му истекува договорот. Кари запиша 22 поени.

Се вчитува...