Кристина Еплгејт за борбата со мултиплекс склероза: Се чувствувам како да живеам во пекол

Актерката Кристина Еплгејт, најпозната по улогите во ТВ серијата „Dead to Me“, гостуваше во Добро утро Америка. Тоа е нејзино прво интервју пред камера откако и беше дијагностицирана мултиплекс склероза.

„Се чувствувам како да живеам во пекол“, му кажала Еплгејт на водителот Робин Робертс. „Не сум многу надвор, па ова е малку тешко, само за моето тело. Но секако, поддршката е прекрасна и навистина сум благодарна”, додала таа.

„Никогаш нема да се разбудам и да кажам: „Ова е одлично“. Само ќе ви го кажам тоа. Тоа нема да се случи. Се будам и се потсетувам на тоа секој ден. Но, можеби ќе дојде време кога ќе функционирам малку подобро. Моментално сум во изолација, па се справувам да не одам никаде затоа што навистина не сакам. Тешко е“, продолжи таа да зборува за својата болест.

Во јануари, Еплгејт доби овации кога беше домаќинка на Еми наградите. Таа зборуваше и за тоа појавување во јавноста и откри дека едвај го памети.

„Луѓето ми велеа дека сум толку смешна, а јас им реков дека не знам ни што зборувам. Не знам што правам. Бев толку исплашена што не ни знаев што се случува. Се чувствував навистина сакано и тоа беше прекрасна работа“, рече таа.

Еплгејт минатата година изјави дека веројатно нема повторно да се појави пред камера. „Не можам ни да замислам да одам на снимање. Тоа е прогресивна болест. Не знам дали ќе се влоши“, рече тогаш таа.

Scroll to Top