„Лајка“ организира забава под маски за миленици во недела во Градски Парк

Јавното претпријатие „Лајка“ повикува на маскенбал за домашни миленици утре (недела, 14 април) со почеток во 12 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје.

„Ќе избереме најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобобрите и најинвентивни учеесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди“, соопштуваат од „Лајка“.

Како и сите настани на претпријатието за хуман третман и благосостојба на животните, така и овој, има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче.

„Без разлика дали сте искусен сопственик на домашно милениче или размислувате да додадете миленик во вашето семејство, овој настан е за вас. Ве очекуваме“, истакнуваат тие.