12.05.2024
Почетна / Градина / Вести / НАЈАВА ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИ УТРА: На многу места во регионот, како и во Македонија ќе има појава на мраз!

НАЈАВА ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНИ УТРА: На многу места во регионот, како и во Македонија ќе има појава на мраз!

Метео прогноза на Славчо Попоски

По врнежите во текот на денешниот ден, од утре следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.

Токму поради разведрувањето, утрата ќе бидат значително постудени, особено утре и во четврток кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на високите планински места тие ќе се спуштат и под -5 степени.

Сепак максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и во следните денови речиси насекаде тие повторно ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 15 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.

НАПОМЕНА: Поради ниските температури наутро, на повеќе места во регионот, како и во Македонија се очекува појава на мраз, кој секако особено лошо ќе се одрази врз веќе расцветаните овошки.

Види

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА НИ ДОАЃА ПРВИОТ ИЗРАЗЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски: На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од …