Виетнамскиот VinFast ја испрати првата пратка на електрични автомобили во САД

од Vladimir Zorba

Виетнамскиот производител на електрични возила VinFast објави дека ја испратил првата пратка од 999 возила во САД.

Во првата пратка ќе бидат испорачани 999 возила бидејќи таа бројка се смета за среќна во Виетнам, објаснија од VinFast. Првите автомобили треба да им бидат испорачани на клиентите до крајот на декември, соопштија од компанијата.

Некои од теренците VF 8 одат во американската компанија за изнајмување автомобили Autonomy, но повеќето се нарачани од поединци, рече извршниот директор на VinFast, Ле Ти Ту Туј.

Виетнамската компанија минатата недела објави дека Autonomy нарачала 2.500 електрични возила, што е нејзина најголема корпоративна нарачка од нивното започнување со бизнис.

Компанијата планирала до декември да испорача дури 5.000 возила од фабриката во Хаифонг, но не успеала.

Тие изјавија дека добиле речиси 65.000 нарачки од целиот свет и очекуваат да продаваат 750.000 електрични возила годишно до 2026 година.

VinFast очекува дека ќе може да испорача втора пратка на автомобили во САД во јануари, додаде Туј.

Виетнамската компанија планира да произведува автомобили во САД почнувајќи од јули 2024 година и се надева дека ќе се квалификува за даночни олеснувања според Законот за намалување на инфлацијата (IRA).

Проектот за изградба на фабрика во Северна Каролина доцни неколку месеци од планираното, забележува Ројтерс.

Слични содржини