Детонит Плачковица е подготвен за дербито на Истокот со Беласица

Утре на Градскиот стадион во Радовиш ќе се одигра дербито на Истокот меѓу Детонит Плачковица и Беласица во рамки на 25. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Трите бодови ќе бидат императив и за двете страни особено за радовишани кои со три бода може да стават печат на толку посакуваното трето место за баражот за Прва лига, а Беласица може да прогреси на табелата односно сезоната да ја заврши на што е можно подобро место.

Давид Бошески за телевизија М Нет вели дека максимално се подготвувале оваа недела за натпреварот со Беласица.

Анџело Николовски за М Нет вели дека минатата недела ја оствари целта со победата над Осогово и освоени три бодови, сега фокусот е на Беласица, меч за кој вели дека ќе биде тежок за нив.

Натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Беласица се игра на Градскиот стадион во Радовиш со почеток од 16 часот, а главен судија ќе биде Александар Василевски од Скопје.

Александар Ванев, М-Нет