Македонија Избори 2024

Во Берово до 9 часот гласале 895 гласачи од вкупно 10.421 лице

Во рамки на гласањето се гласаше и во Домот за стари лица каде од 28 лица кои престојуваат во установата, а се од повеќе градови, гласале вкупно 24 лица, а 4 ливчиња биле неупотребени, информираа од ОИК Берово.

Во Берово до 9 часот гласале 895 гласачи од вкупно 10.421 лице

Во Берово денеска гласаат 10.421 избирачи со право на глас. Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Берово своето право го до 09:00 часот го оствариле 895 гласачи.

Во оваа општина вчера своето право на глас од 258 болни и изнемоштени лица во домашни услови гласале 249 лица.

– Во рамки на гласањето се гласаше и во Домот за стари лица каде од 28 лица кои престојуваат во установата, а се од повеќе градови, гласале вкупно 24 лица, а 4 ливчиња биле неупотребени, информираа од ОИК Берово.

Во Берово се гласа на вкупно 16 избирачки места, а избирачките места биле отворени навреме. Гласањето како што додадоа од ОИК се одвива без проблеми.

To top