Во врска со документите за наводно креирање на лажни вести, кои се во фокусот на предизборните препукувања меѓу ривалските партии, денеска повторно прес-конфренција одржа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој рече дека во Македонија можеби се одвива најтежок заговор против изборите со можна злоупотреба на најмалку две високи државни институции – Претседател на држава и Агенцијата за разузнавање
Вчера од тимот за комуникации на Пендаровски, остро ги демантира овие наводи и најави тужба за клевета. Оттаму повикаа Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите во врска со овој случај
Откако републичкото Јавното обвинителство денеска информираше дека е поведена истрага против лице кое лажно преставувајќи се како вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) изнудувало пари и накит од управител на фирма, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение прашаа дали изрекетираните 180 000 евра можеби требало да завршат кај Асаф Еисин.
Ова лице од партијата го посочуваат како креатор на, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, црната кампања со лажни документи кој ја води СДСМ, а во која според нив дел од мрежата се актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
„180 000 евра изрекетирани од лице кое се претставувало како вработен во АНБ, во време кога на големо гледаме како се злоупотребувала Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу за фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ. Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз“,
се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму прашуваат „кој бизнисмен ќе даде 180 000 евра на некој што лажно се претставувал како вработен во АНБ“.
„Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин? Дали и овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за неговите валкани услуги за СДС?“,
прашуваат од опозициската партија.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Јавното обвинителство да не крие и да каже кој е заштитата на рекетарот и во чие име се претствувал.
„Овој скандал е само уште еден доказ зошто СДС мора да си замине од власт“,
додаваат од паритијата.
Во врска со документите за наводно креирање на лажни вести, кои се во фокусот предизборните препукувања меѓу ривалските партии, денеска повторно прес-конфренција одржа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој рече дека во Македонија можеби се одвива најтежок заговор против изборите со можна злоупотреба на најмалку две високи државни институции – Претседател на држава и Агенцијата за разузнавање.
Стоилковски го повика актуелниот претседател и кандидат за втор мандат на фуннкцијата поддржан со СДСМ да не се крие зад закани со тужби и веднаш да каже што договорал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари е платен тој.
Портпаролот ги повтори наводите што ги изнесе вчера на прес-конференција, на која објаснуваше како наводно фунцкионира и коис е дел од мрежата за фалсификувањ ена документи и лажни вести кои се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ.
„Во интерес на вистината ќе потсетам, лиферувани се фалсификувани документи, на коишто освен логото на ВМРО-ДПМНЕ, се впишувани лажни информации, впишувани дати за кои е познато дека имало партиски состанок од којшто е дадена изјава за медиумите, а потоа се злоупотребени имиња на лица познати во јавноста, впишани им се фалсификувани потписи, а впишано е и име на лице коешто воопшто не постои, а веројатно има и потпис од непостоечкото лице. Сето ова е кривично дело. И СДС и медиумите соработници на СДС, соработуваат во кривичното дело, градат приказна против изборите на фалсификувани документи. И притоа, за тоа се свесни“,
рече Стоилковски на денешната прес-конференција.
Во тој контекст тој упати серија прашања до актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат на функцијата.
„Главното прашање од кое Пендаровски не смее ниту час повеќе да бега од одговор: Што разговарале со Асаф Еисин, консултантот, ангажиран од СДС? Што барал Пендаровски и соработниците, како што соопшти кабинетот, на средба со Асаф Еисин, освен ако не е терање кампања за Пендаровски? Прашал ли Пендаровски, со кои пари Асаф е платен, дали има потпишано договор СДС со Асаф Еисин, пред да седне со него, а според соопштението е запознаен дека Асаф е ангажиран? Знае ли Пендаровски со кои пари е плаќан Еисин и дали се тоа парите од еден странски конзул којшто добива огромни тендери од РЕК Битола? И конечно, ќе сфати ли Пендаровски дека фалсификување и лажење не се замена за неработата и не се замена за единствена понуда, а тоа е менување ставови согласно потребите на СДС?“,
рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера од тимот за комуникации на Пендаровски, остро ги демантира овие наводи и најави тужба за клевета. Оттаму повикаа Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите во врска со овој случај.
„Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење.
Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години“,
наведоа во вчерашната реакција од изборниот штаб на Пендаровски.
Инаку, претходно од СДСМ обелоденија документи за кои тврдат дека наводно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ направила оперативен план за обезбедување документи, но и за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на политичарите и партиите кои во изминатиот период беа објавувани во емисијата „Објектив“ на Македонската радио-телевизија (МРТ).
До адресата на МВР стигнала кривична пријава поврзана со обвинувањата од страна на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува јавниот сервис МТВ за нарачани анкети.
Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), кој ги спроведе анкетите за рејтинзите и Македонската радио-телевизија, ги отфрли обвинувањата.