Се шират гласини дека Кадиров има некроза на панкреасот и ќе биде заменет: Тој одговори со ХИТ ВИДЕО

219

Откако „Новаја газета“ ја објави веста дека му се подготвува замена на Рамзан Кадиров поради некроза на панкреасот, чеченскиот лидер на социјалните мрежи објави видео од теретана. Го објави само неколку часа по тој текст.

“Ден исполнет со многу настани заврши со вежби и позитивни чувства. Физичките вежби не само што го подобруваат телото, туку и расположението. Вечерниот тренинг е одличен начин да се опуштите и да ги наполните батериите”, рече Кадиров на својот профил на руската социјална мрежа ВКонтакте.

Да потсетиме, беше објавена веста дека здравјето на Рамзан Кадиров е во опасност и дека Москва планира да го замени. Беше наведено дека изборот паднал на генерал-мајор Апти Алаудинов, кој во март го „префрлил“ јадрото на „Вагнер“ во единицата „Ахмат“, по што рускиот претседател Владимир Путин потпишал указ за назначување на младиот командант на функцијата заменик-шеф на Главниот директорат за воено-политичка работа на Министерството за одбрана на Русија.