Германија на Европското првенство без Серж Гнабри

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Серж Гнабри, има скинат мускул во задниот дел на бутниот мускул на левата нога и за него клупската сезона е завршена, а проблемот да биде уште поголем, тој најверојатно ќе треба да го пропушти и Европското првенство кое почнува на 14 јуни и се игра во неговата Германија.

Гнабри не беше 100 проценти фит, но играше 27 минути на дуелот со Реал Мадрид и веројатно се префорсирал, па дојде до повреда по која обично мора да се мирува околу шест недели.

Ова значи дека Гнабри би ги пропуштил подготовките на германската селекција за ЕП и не би бил спремен за почетокот на шампионатот, туку само за завршницата, ако Германија стигне дотаму, па на селекторот Јулијан Нагелсман му останува да одлучи дали ќе го повика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести