Проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ во Кино Фросина

Проекцијата е во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“, а влезот за проекцијата е бесплатен

По повод Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија, во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 14 мај со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски.

Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Тој во септември ја освои наградата „Квир лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал.

Влезот на проекцијата е бесплатен.

Настанот е организиран во соработка на Коалицијата МАРГИНИ Скопје со Лист Продукција и МКЦ. Проекцијата е во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“ поддржан од USAID North Macedonia, имплементиран од Коалиција МАРГИНИ, а во партнерство со ХЕРА, Хелсиншки комитет за човекови права и Здружение за едукативен развој Еквалис.